Ќе бидеш збунет, чедо мое. Но, ќе погледнеш во срцето и одговорот сам ќе се рече.
Ќе бидеш тажен, осамен, беден. Тогаш настапуваат солзите чистејќи ја душата темелно и од корен.
Ќе бидеш среќен. И ќе заборавиш на заблуденоста, глупавоста, тагата. Ќе летнеш високо меѓу облаците.
И повторно кога ќе си скршен, не заборавај на среќата. Колку и да ти изгледа далечна, недостижна.
Пребарај во срцето и душата. Прочепкај ја меморијата, освежи си ги спомените.
И дај си само една сосема мала насмевка. А таа, ќе биде доволна. Да те оживее. Повторно. Одново и одново.
Не се плаши, пак ќе згрешиш. Но, не заборавај. Ти си човек пред се’. Од крв и месо. Обичен смртник кој душа носи, како и сите останати…
photo: Pixabay
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.