Здраво дечки, јас сум Марија!
Не сум стручно лице на тема психологија, но од кога знам за себе патам од анксиозност, која е виновна за моето писателствување. Да не беше таа, можеби никогаш нема да се обидам да пишувам. И така некако започна и мојата поголема желба за подигање свест кај граѓаните за оваа состојба.
Изминатава година решив да се посветам посебено на оваа тема, за која подоцна ќе издадам и книга. Токму затоа заедно со мојот партнер отворивме сајт каде што на долго и широко ќе пишувам за анксиозноста, паничните напади, стравови…
Ви стојам на располагање за се’ што ве интересира, освен во делот на терапија, бидејќи тоа е далеку од мојата експертиза на ова поле. 🙂
Давајте предлози, идеи за пишување! И слободно контактирајте ме подолу во контакт-формата!