На квечерина, во тивкиот шепот на ноќта
јас слушам мелодија
везилка што знае нотите да ги везе,
човек што со срцето пее.
Глас од душа излегува, пее песна,
а знам во душата не му е лесно,
песна од грло излегува,
а болка во душа не запираа.
Пеат нотите, плаче срцето,
не може да го запре ни шепотот,
тивко испратен во ноќта тивка.
Уште колку ноти низ грло ќе минат,
и тажни рефрени од очи ќе излеат.
Сам на тронот, сам пред сите,
а песните го знаат неговото битие,
да се смее и кога душа плаче,
да пее, со шепот пратен во ѕвездите.
Везилке убава, везеш најубава песна,
ја будиш магијата на вечноста,
навези, испеј, срце да те слушне,
немој тагата пак да те гушне.
Во прегратка на најубава песна,
и севда во срцето вечна
за тагата нема место, сама е..
не може тука да остане
Остана шепот и солза што капна,
а песна од грло испеана тажна,
рефрен испеан илјадада пати,
за љубовта пак да се врати.
И пак душа за среќа нека пее,
за ти везилке вечно да живееш.
Автор: Оливера Ширговска