Прашај што те занима!

Здраво дечки, јас сум Марија!

Јас сум дипломиран психолог, но од кога знам за себе патам од анксиозност, која е виновна за моето писателствување. Да не беше таа, можеби никогаш нема да се обидам да пишувам. И така некако започна и мојата поголема желба за подигање свест кај граѓаните за оваа состојба.

Затоа решив да се посветам посебено на оваа тема, за која подоцна ќе издадам и книга. Кога го отворивме сајтот со сопругот Емил, бев обичен паталец како и повеќето што се соочувааат со оваа состојба. Но колку повеќе читав за неа, толку поголема беше желбата да осознам што е можно повеќе за неа. Затоа решив да се запишам на психологија и ете, четири години подоцна, дипломирав на овој смер.

Сепак, ќе се обидам колку е можно повеќе да ви ја доловам моето лично искуство со анксиозноста, бидејќи не за џабе рекле „не прашувај гаталец, туку паталец“.

Ви стојам на располагање за се’ што ве интересира за моето справување со оваа состојба, односно можам да ви помогнам од личен аспект. За подетална анализа и работа на себе, обратете се кај поискусните колеги. Не можам да ви помогнам ниту во делот со терапијата.

За се останато давајте предлози и идеи за пишување! И слободно контактирајте ме подолу во контакт-формата!

Ве гушкам!

Добиј го бесплатниот newsletter на Жена на Жена
Биди секогаш во тек со најновите статии
Ја почитуваме твојата приватност.