Како скитник кој бара засолниште,
барајќи љубов,
јас те пронајдов тебе.
Во тебе се пронајдов себеси.
Мир ми носиш во рацете,
стравот ќе го дотераш до бескрај
и ќе останеш.
И кога молчам и на сите твои молитви
јас им давам одговор,
барајќи љубов,
те запознав.
Се исповедувам со мисли на тишината,
а всушност го чувствувам твојот мир,
сиот копнеж и немир бранува во мене,
со допир ме милуваш и
повторно исчезнуваш.
Посакав повторно да те побарам
и те пронајдов,
се изгубив во реалноста,
сонот и илузијата ми се пријатели,
барајќи љубов,
љубов ми стана.
Фото на насловна: Debby Hudson/unsplash.com
Автор: Азра Муриќ