Хуманитарната ликовна изложба насловна како „Цут арт“ претставува сликарски проект реализиран од страна на десетина млади автори, ученици во техничкото училиште, чија уметничка визуелна интерпретација проникнува пред се од хуманоста. Настанот се одржа во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар е отворена изложба на уметнички дела. Тој беше организиран од страна на тим на Црвениот Крст Гостивар во склоп на ПХВ Програмата (промоција на хумани вредности).
„Изложбата е од хуманитарен карактер, како и сите останати настани кои ги организираме. Средствата одат за подобрување на нашето општество или се доделуваат на социјално загрозени семејства. Дел од средствата од хуманитарните настани кои ги организираме, се наменети за реновирање на стадион каде младите ќе можат да го поминат своето слободно време, а дел одат за помош на социјално загрозени семејства“, истакна Јована Дабеска од Црвениот крст во изјава за Република.мк
Во изложбата со свои дела, учествуваа учениците: Светлана Петреска, Софија Јованоска, Мина Страшеска, Ајлин Џафери, Едила Равмани, Деспина Василеска, Николина Алексоска, Тамара Србиноска, Атије Пини, Елеонора Манасијеска и Матеа Трпеска, под менторство на професорката Христина Марковска, ликовен уметник.
„Авторите во еден процес на наративно спонтано обединување создааваат дела обединети преку идејнототематската концепција со која се претставуваат, а тоа е Пејзажот. Тој се наметнува како есенцијален елемен на очигледното во ликовниот израз на момент лиричен и наполно ослободен од вообичанеата објективна перцепција на природата“, вели професорката Маркоска.
„Богатиот колорит на тонови и валери ја акцентираат топлината и вивидниот шаренолик импулс кој сеприсутен на сликарско платно индивидуално доминирајќи во самиот творечки процес на неговата изработка. Инспирацијата, авторите најчесто ја бараат во природата но исто така и во својата имагинација, играта на обоености и нивната вешта транскрипција врз површината во еден
слободен импресионистичи манир е дефиниран преку различните обоености на светлината по примерот на големите мајстори – Моне,Реноар, Ван Гог и др. Па така речиси секое дело доживува преобразба на мотивот кој е виден , изработен по сеќавање или импресија.Способноста да се дојде до едно вакавоо спонтано решение на уметничките дела ни говори за умеењето и вештината на овие млади ликовни дејци во креирањето на свое единствено и уникатно Уметничко Творештво, способност која пред се поседува универзални вредности“, додава таа.
Уживајте во преостанатите уметнички дела на овие млади и надежни уметници:
А дека Гостивар има многу уметнички души во себе, говори и тоа дека оттаму е и младата 27-годишна уметница Стефани Стојаноска Наумческа, со која минатата недела зборувавме за нејзината необична техника – боењето со кафе и вино.