Си дозволив да бидам тажна.
Си дозволив да заплачам.
Си дозволив да се свијам во фетусна положба и да не мрдам со часови.
Си дозволив да замолчам.
Си дозволив да не се смеам.
Си дозволив да не правам ништо.
Си дозволив да не се објаснувам.
Си дозволив да немам апетит.
Си дозволив да земам здив.
Си дозволив да слушам по цел ден балади.
Си дозволив да се изнагледам романтични драми, наспроти комедии.
Си дозволив да се бањам триејќи си ги од себе сите насобрани солзи и слоеви тажни спомени.
Си дозволив.
Затоа што сум живо суштество кое го има сето право да го одмара срцето оној пат кога е ужасно уморно од немоќ.
Затоа што како и на сите, така и на мене ми е потребна рехабилитација.
И само на еден ден… си дозволив да бидам тажна.
photo: Pixabay
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.