Рецептите го испрати нашата читателка Билјана Лазарова.

Потребни состојки: 

  • една главица кромид
  • 500-600 гр. мелено месо
  • 2 чешниња лук
  • ситно исецкан магдонос
  • 1,5 лажица брашно
  • сол, црвен пипер и вегета по вкус
  • 2 лажици павлака
  • ситно сецкани маринирани печурки
  • 1 мало лажице презла
  • 1 јајце
  • доматно пире
  • кашкавал

Постапка:

Најпрво се запржува кромидот, а потоа се додаваат меленото месо, лукот и магдоносот. По кратко време се додава брашно, сол, пипер, вегета и павлака. Се остава да се излади, по што се додаваат печурките, презлата и јајцето и сето тоа убаво се меша.

Се полнат канелоните и се редат во претходно намачкан плех со масло. На крај се додава и доматното пире, кое се залева со вода. Плехот се става во претходно загреана рерна и се остава да се пече на 180°. Пред крајот се вади плехот и се додава изрендан кашкавал, а потоа се враќа назад во рерната за да се стопи кашкавалот.

*(Канелоните може да се полнат и со спанаќ и сирење)

Домашно лепче

Потребни состојки: 

  • Пола квасец,
  • 1 мала лажица шеќер,
  • 1,5 дл. вода
  • 2 дл јогурт или павлака
  • 4 големи лажици масло
  • 1 мала лажичка сол
  • 500 гр. брашно (по потреба и повеќе)

Постапка:

Квасецот, шеќерот и водата се мешаат и се оставаат да отстојат пет минути. Потоа се додава јогуртот или павлаката, по кратко време и маслото и солта. Сето тоа се меша додека да се соедини и накрај се додава брашно онолку колку што е потребно. Се остава на топло (покриено) да стаса 30 мин. Потоа се размесува и се сука кора.