Посакувам да имам билет за бесконечноста,
билиони чекори да ме делат од сѐ.
В дланкиве мои ги гледам
сите скршени атоми
од моите животни приказни.
Моите нови светови,
ги стрелаа со копјето на смртта.
Во моите очи згасна летото
и моето виножито.
Реформи ќе направам,
на душава и телово.
Да не бидам повеќе,
малата осамена принцеза.
Ноќва нова октава,
месечината ќе отсвири.
За да танцувам со ѕвездите.
За последен пат да заплачам.
Пред вратата на овој забранет град.
И можеби,
после оваа последна битка.
Ќе бидам слободна од сите проклети џелати.
За пат кон бесконечноста.
Автор: Виолета Јовановска
насловна фотографија: Izabel 🇺🇦/Unsplash