Сега сфатив. Мислев дека порано имав мноштво другарки, а сега се бројат на прсти. Каква небулоза било тоа.
Уствари, цел живот имаш познаници. Само касно сфаќаш кои ти се вистинските пријатели.
Не е секоја еднаш што ќе ја видиш другарка, ниту таа со која искачаш секоја недела во клуб, ниту таа со која се гледаш еднаш годишно на кафе. Не е. Тие се познаници.
Другарството е тежок збор. Голема ствар.
Другарка е некоја која ќе ти помогне кога ти е најтешко, ќе те сослуша без да те осуди. Која ќе биде тука и во 3 сабајле. Која ќе плаче со тебе саат време на телефон. Онаа која ги знае сите твои тајни. Онаа која не ти трга сеир. Онаа на која не ѝ е гајле каква ти е косата, како си облечена и не те прашува: „Каде ма ваква си тргнала?“
Другарка е онаа која ќе те посоветува без да ти соли памет. Другарка е онаа која ќе те прифати баш онаква каква што си. Будала. Баш како неа.
Другарка е онаа која ќе ти брише солзи, без да те чука по рамо дека се’ ќе биде во ред, бидејќи ЕЈ таа ќе направи се’ да биде во ред.
Другарка е онаа која ќе те прекори кога ќе згрешиш. Другарка е онаа која нема да те издаде за да се прекрие. Другарка е онаа со која ќе пиеш со часови пиво и ќе се смеете заедно на глупостите. А утре, ќе си продужите како ништо да не се случило.
Другарка е онаа која нема ама никогаш нема да ти го сврти грбот. И збор лош нема за тебе да каже.
Другарка е онаа која нема да проба дечкото да ти го ќари. Другарка е онаа која е во состојба да му ги исече ако само се осуди нешто лошо да ти направи.
Па, сега мили мои. Колку другарки имате вие?
photo: Pixabay
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.