Солзите се злато. Ти ја чистат душата иако доаѓаат непоканети, како тивки крадци крадат дел од твојата душа. Ја грицкаат, ја стискаат… ете така, како да сакаат да ја задржат само за себе.

Отпрвин се лутиш. Ги бркаш. Оосбено кога си тажен, најчесто за глупост. Но, тие како за инает остануваат. Уште повеќе и уште повеќе.

После нив, одмор. Земаш душа. Крвавите очи се враќаат во нормала. На лицето капнува насмевка, демек да се расположиш самиот себе.

Еј! Па не сум будала, си велиш. Чуму вакво вцрвенето лице? Чуму вакви крвави очи?

А, солзите бегаат. Како ништо да не се случило, се губи и последната трага од нив.

Веќе забораваш. До следниот пат, се повторно тука.

А, солзите? Солзите први ќе дојдат кога ќе бидеш вистински среќен. Како вистински другар. Овој пат, ги занемаруваш. Не ги бркаш. Крвавите очи и црвенилото се само блед фидбек. Ти плачеш и се смееш…

А, солзите? Пак ќе дојдат, вака или онака…

photo: Pixabay

 © Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.