Уште кога ја планирав идејата за сајтов, се чував за оваа статија.
Да, токму оваа статија.
Да бидам искрена, имам уште многу години дур да ги стигнам, а и векни леб да изедам додека да пробам да им го украдам стилот. Веројатно стилот и сенсот за мода со годините се зајакнува, а и самата сериозност си го бара тоа. Да бидам искрена, се надевам дека во иднина ќе можам да ја повторам оваа статија, пофалувајќи ги нашите жени. Но отом потом, што би рекле старите.
Инспирацијата за статијата, потекнува од британскиот вебсајт influencermatchmaker.co.uk.
1 – Fashionmumof40
Кротко, симпатично, спортско, а сепак елегантно. Без многу екстравагантност, туку баш напротив, изобилува со топлина и женственост.
Ен Мари спаѓа во групата на модни инфлуенсерки од 45-54 години. Кој би рекол, а?
2 – Doesmybumlook40
Следна на листата е Кет Фармер, која освен што е инстраграмџика, таа е и блогерка. Нејзиниот стил е доста колоритен и претставува вистинска инспирација за нејзините врснички, па и за помладите од неа.
Исто како и кај Ен Мари, ни на стилот на Кет не останав имуна. Едноставно, невозможно е. Сакам забава, сакам бои, сакам адреналин. А таа го нуди тоа. Со стил.
5 – Grece Ghanem
Грис има речиси 500.000 следбеници и е вистинска модна икона. Нејзината пасија кон модата зрее уште одамна, од нејзиното најрано детство. Во една прилика, рекла дека „главниот виновник“ за тоа е нејзината баба, притоа признавајќи дека ги облекувала нејзините алишта и ги комбинирала со разни додатоци и накит.
Она што го приметиив кај Грис е елеганција, женственост, топлина, а сепак изобилува и со своја оригинална екстравагантност.
Ми се допаѓа тоа што сака да експериментира, но и што има одлична фигура. Грис е доказ дека годините се само бројка.
И да, погледнете го нејзинот профил и ќе ви биде јасно зошто има пола милион следбеници. И син беџ. И соработува со Гучи.
Всушност, Грис е совршена комбинација од оние две погоре!
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.