Ми фали кога традиционално ја китевме елката со истите лампиони, а секоја нова декорација ја чувствувавме како ново доживување. Едвај чекавме да одиме на панаѓур или пак со нетрпение ги очекувавме подароците.
Денес има украси и декорации на секој чекор, а џебот од плиток поплиток.
Тогаш никој не кусуреше каква ни е елката, денес секој трча да се пофали со својата. Па одеднаш китењето станува своевиден натпревар која е поубава и побогата.
Ми фали кога со другарките одевме на Коледе и добивавме костени, суво злато и тогаш и сега е костенот. Денеска можеш да си купиш кило кога и да посакаш бидејќи си возрасна нели, ама ќе најдеш ли пак такви искрени пријатели и дружба?
Ми фали и кога игравме на улица до ниедно време во лето, кога се чувствувавме безбедни и не размислувавме за најцрни сценарија. Денес, возрасна пак, страв ми е и дење да завршам некоја работа.
Колку и да беше лошо, сепак како да беше поубаво. Колку и да беше тешко, денес како технологијата и социјалните мрежи дополнителни да оттежнуваат.
Се оттуѓивме едни од други. Престанавме да се радуваме на малите нешта, да бидеме деца во душите… и најстрашно од сѐ, сѐ повеќе и повеќе се плашиме…
photo: Les Anderson/Unsplash.com
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.