Аница Бебиќ и Мартина Салова Чешновар ве покануваат на својата изложба, насловена како ,,Годишните Времиња на Душата” која ќе се одржува од 22 до 24 април во Културниот центар Јадро во Скопје.

„Секоја душа минува низ годишни времиња што не се гледаат со очи, туку се чувствуваат длабоко во тишината на срцето. Оваа изложба претставува еден ментален пат — од падот, преку борбата, до повторното будење. Преку интимни, симболични фотографии, ја откриваме преобразбата на човекот што се распаѓа, се бара, се наоѓа… и се гради повторно. Ви ги отвораме вратите на нашите внатрешни сезони со една интерактивна изложба во Културен центар „Јадро“, велат овие две млади и инспиративни девојки.

Се гледаме таму, дечки!