
29-годишната уметница Стефани Стојаноска Наумческа 29 години од Гостивар деновиве се подготвува за својата прва самостојна изложба насловена како „Бесконечна Надеж“. Таа признава дека нејзиниот сон станал реалност и го смета овој чин за големо оставрување за еден млад човек. Иако љубителните на уметноста имаа прилика да се запознаат со нејзините дела преку ликовните колонии во Гостивар и Дебар, а исто така е член и на ликовното здружение Драудакум.
„Вложувањето носи успех, така и јас вложував труд за да стигнам до тука каде што сум“, вели таа.
Стефи вели дека ја насловила својата изложба како „Бесконечна Надеж“ бидејќи таа е постојан дел од животот на човекот. Без неа, тој не би постоел. Исто така и делата кои ќе бидат изложени ќе преставуваат надеж, емоции и љубов.
Таа вели дека седум години го создавала овој проект, преку напорна напорна работа и созревање во уметноста.
„Често знам да кажам дека човек доколку нешто сака многу и се труди еден ден ќе се исплати тоа. Талентот не е нешто што се учи, туку се надоградува и расте. Подготовка на изложба бара временски период и секако по некое дело од неколку годишниот труд заедно со моменталните и нови слики“, вели Стефи.
Таа додава дека на изложбата ќе има:
- Портрети на девојки кои ја изразуваат убавината и самодовербата на жената
Стефи љубовта кон уметноста ја започнала скромно, искажувајќи ја на лист хартија, без воопшто да помисли на тоа колку би можела да постигне доколку сака нешто и во истото внесе многу љубов и труд. Досега има создадено над 200 свои лични дела, од кои дел од нив се продадени низ Македонија и надвор од неа. Уметниците се прекрасни луѓе со големо срце.
„Сликите се непроценливо богатство. Голема благодарност до мојот сопруг, моите родители, мојата фамилија, моите пријатели, моите блиски и сите оние кои гордо беа до мене овие години“, искрена е Стефи.
Нејзините планови во иднина се да продолжи да твори и да ги претставува своите дела овде и вон границите на Македонија.
Првата изложба посакував да биде представена во мојот роден град Гостивар, потоа планирам и во другите градови. Продолжуваме понатака со нови дела и нови успеси. Неколку од моите омилени уметници иако се многу неколку ќе набројам:Амедео Модиљани, Фрида Кало,Винсент Ван Гог и.т.н Еден од моите омилени цитати на Амедео Модиљани : Кога ќе ти ја запознаам душата, тогаш ќе ти ги насликам очите“, вели таа.