Писателката Софија Петковска и нејзиниот брат Никола Дио Петковски неодамна го објавија својот најнов проект Енигма. Софија веќе неколку години е организатор на хуманитарни антологии, чии парични средства од продажбата одат кај најранливите категории.

Во денешниот разговор ќе дознаеме нешто повеќе околу Енигма, хуманистичко движење и општествено ориентиран систем кој ги обединува едукацијата, хуманитарната поддршка и личниот развој во една целина.

„Енигма е независна мисија која создава дигитални алатки и платформи за поттикнување на самостојно творештво според етички и транспарентни стандарди“, вели Софија.

Во склоп на Енигма постои и списанието „Универзумот зборува“, кое е клучен дел од хуманитарните проекти на Енигма и служи како еден вид простор каде што ќе се чујат автентични гласови, притоа служејќи како инспирација и мотивација за останатите. Тоа содржи интервјуа со уметници и активисти, авторски прилози и истражувања.

„Списанието е замислено како глас кој потсетува дека добрината и идеите можат да менуваат светови, поддржувајќи ги истовремено независните уметници и активисти. Затоа ја поделивме содржината во три главни едукативни цели: Астро Галаксија (духовност, астрологија и космологија), Живот во рамнотежа (психологија, личен развој) и Семејно стебло (педагогија и семејни вредности)“, додава таа.

Процесот за преземање на списанието е дигитален и се одвива во неколку чекори:

  1. Најпрво, читателот треба да го пополни формуларот за пристап, кој се наоѓа на веб-страницата на Енигма. Тој се пополнува со цел тимот на Енигма да знае на чие име и презиме да гласи благодарницата. Линкот до списанието и формуларот можете да го најдете ОВДЕ.
  2. Откако ќе се пополни, се кликнува на копчето „Поддржи и читај“, по што се појавува сино копче „Преземи го списанието“.
  3. Читателот може да одбере едно од трите нивоа на препорачана поддршка, како што се: Основна, Стандардна или Премиум опција.
  4. Плаќањето се врши со платежна картичка (MasterCard или VISA), по што списанието се добива веднаш, а персонализирана благодарница пристигнува на е-пошта, во текот на истиот ден.

Софија вели дека овој концепт му е потребен на светот, бидејќи е неопходен за развој на индивидуи кои преку критичко размислување и интелектуален раст можат да создадат позитивни промени во заедницата.

„Енигма нуди алтернативен модел на солидарност и споделување ресурси без комерцијални ограничувања, што е клучно за градење на похумано општество“, вели таа.

За крај на интервјуто, Софи испрати порака во името на нивните два најнови проекти, Енигма и „Универзумот зборува“.

„Бидете поддршката која менува светови! Таа нè потсетува дека секој збор и секоја искрена намера придонесуваат кон заедница изградена од срце“, заклучува таа.

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.