Тивко кога молчиме
најгласно се слуша.
Твоето мачно каење,
и плачот на мојава душа.

Кога себично се лутам – знаеш.
Кога скришум ме гледаш – знам.
Себично бледи погледи и сомнечи
ти дали да одиш, јас дали да останам.

И повторно најтивко викање
и по нив празни минути и часови.
Во воздухот лебдат прекори без крикови
гнев, тага, бол и ред други гласови.

Така денови врват, ко со калап правени
но таа празнина во ноќите пеколно тешка е
се борам во себе со себе самата
само да не викнам „сѐ ова со нас, грешка е“.

Автор: Оља Тошев