Поетеската Симона Христовска Јордановска (35) од Богомила е свестрана жена. Таа се занимава од производство на масла до везење и работа во производство на вуница. Во денешното интервју ќе поговорам со нејзе околу нејзината збирка поезија „Медуза“, која излезе неодамна од печат.

„Пишувањето е мој посебен свет и начин на изразување. Со него се занимавам од помлади години, но со текот на времето, тоа прерасна во подлабока потреба и љубов. Најмногу пишувам поезија, затоа што преку стиховите најлесно ги пренесувам емоциите, мислите и животните искуства, но имам и текстови со прозен и духовен карактер“, вели Симона.

Книгата „Медуза“ ја издала сама, преку платформата „Енигма За похуман свет“. А во неа, како што вели таа, се зборува за преобразба, за внатрешните борби, падовите и подигнувањето на човекот.

„Сакав преку стиховите да покажам дека колку и да е тешко и темно во животот, на крајот од тунелот сепак постои светлина. Книгата носи порака за надеж, вера и духовна сила, а реакциите од читателите ми покажаа дека многумина се пронашле во тие зборови“, додава Симона.

Иако е со тазе издадена книга в рака, таа веќе има план што понатака.

„Пишувањето за мене не е само момент, туку пат што постојано се развива. Моментално работам на нови текстови и идеи кои, се надевам, ќе прераснат во ново дело“, вели таа.

Пораката на Симона до читателите на zenanazena.com е да не се плашат да бидат свои, чувствителни и искрени.

„Во време кога многумина се кријат зад маски, најголема сила е да останеш човек со душа, љубов и светлина во себе“, заклучува таа.

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.