Да си најдеш…
Чоек изгубен од луѓето,
но најден себе си.

Илјада лузни го исчеличиле,
секој пат ко простум се пулел
ама се’ разбрал.

Се пулел со двете очи,
сенкир злато постилаат.

Е , ама не било така .

Место злато,
пелин се насркал,
сеир му гледале,
ама тој пак не се давал.

Со двете раце,
од кусурот на живеачката фаќал.

Оти знајт.
Утре не се повраќат пак.

Гледал,
се пулел ачик со очите,
небаре ќ’имат трошка што остајле.

Ја досркал попарата што му ја дробеле.

Ете тој.
Што ќе го потпалит огнот в срце.
И ќе ја згрејт душичката.

Ами тој,
кој друг ова време.

Тој што ќе се смејт,
што ќе те задират.

И ќе си прајт муабет безвезе,
ама ти ќе бликаш.

И ќе го пулиш.
Појќепати, катаден.

Ќе го понаѕираш,
да не му студит ноќе.

Ќе го бараш,
ко чораб загубен дење.

И ќе си се смејш.

Ами зарем друго требет,
кога ќе ти е згрната душата и срцето ти пејт?

Ете тој чоек .
Со него што те пулит ачик и те мерактисујт.

Тој чоек знајт.

Остај тоа парите.
Усвет да фатат.
Ги расплакаа луѓето.

Автор: Оливера Ширговска