Гори живиот свет, фауната и флората. А со нив и спомените, куќите, нивите…
Гори целиот свет. Гори Македонија, Грција, Турција… а нам ни останува само да се молиме и да ги проколнуваме оние кои “така решиле”.
Зарем сите молитви на светот се доволни да запре масакрот на шумите? А покрај нив и суровото? Невиното?
Кога бев мала ме учеа да ја чувам планетата Земја, оти сме немале резервна. Па се прашувам како другите досега не го сфатиле тоа? Дека ако гори сѐ околу тебе, евентуално и ти ќе изгориш?
Профилни немаме толку да смениме, колку е глобален проблемот. А тој навистина е сеприсутен. Сите сме во потенцијална закана. Сите сме во потенцијален ризик.
Ќе ја чувавме, ќе ја сакавме, и денот ќе ѝ го славевме. Ама кога?
Свете, чувај се.
photo: pixaby
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.