По повод роденденот на мојот Иги, решив да му посветам љубовна награда за најпандемиски пар. Не велам на годината, бидејќи е неизвесно за жал колку ќе трае.
Минатата година кога дознав дека Џамбаз е заљубен во една прекрасна дама како Илина, малку фалеше да се расплакам. Од среќа, секако. Бидејќи ако некој залсужува да е среќен, тоа е тој.
Илина е жена која е пример за сите нас останатите. Успешна во секое поле, кротка, мила и бескрајно љубезна со сите. Сака да се гушка и да шири позитивна енергија, баш како и мојот Иги.
Кога го прашав дали може да го викам чичо пошто нели природно не, тој ми се насмеа и рече: „Боже, тоа би значело дека сум остарел. Не сакам да ме викаш така.“
Среќен роденден Иги, најдобар чичко на светот! И за крај, еве како го изненадивме ние, првите придружници…
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.