Писателката Маријана Митревска од Ресен неодамна ја објави својата осма книга, збирка поезија под името „Молкот на тивката тишина”. Нејзините чувства се распослани преку фонтот во разни бои, кој како што вели таа, ги одмара очите од стандарниот црн фонт.

„Покрај ова, има и други изненадувања во формата на пишување. На пример, во една од песните, буквите се распоредени во форба на крст“, открива Маријана.

Таа додава дека една од опфатените теми во книгата се вистината и загубата на нејзини блиски луѓе, на знајни луѓе како што е Никола Проески,  таткото на нашиот Тоше, но и на незајни како што се ангелите во Кочани.

„Ова е книга во која се зборува и за вистинската победа – духовната“, вели Маријана.

Таа додава дека е многу лесно да се испреврти вистината и да се создаат копии налик на оригиналот, но само вистинските луѓе со чисто срце и душа ќе можат да ја препознаат.

„Молете се и вашите молитви некој ќе ги чуе, само така може да се пронајде внатрешниот мир. А кога се верува, чуда се случуваат“, вели Маријана.

За корицата на нејзината осма книга се искористени две фотографии на Алтај Сулејман на кои се наоѓа ликот на Маријана, кои се направени се во 2015  за време на нејзината венчавка.

„Преку корицата се испраќа една порака, со затворени и отворени очи. Што не’ потсетува на едно деноноќие“, вели таа.

Книгата е издадена преку издавачка куќа Дата Песнопој од Битола

Претходно, Маријана ја објави и збирката на лирска поезија „Нов живот“, која е поделена на три дела. Каде во привиот дел влева надеж, во вториот зборува за блажената состојба на жената, додека во третиот е посветен на страданијата. Во третиот дел таа опишува дека после пеколот следи нов живот, по што е и насловена третата книга од овој серијал.

„Серијалот на издадени книги ќе продолжи, веќе во подготовка е и нова книга“, завршува таа.