Вчера во просториите на Домот на културата во Кратово се одржа промоција на стихозбирката „Бесконечна љубов“ од авторката Славица Петковска, чија содржина е посветена на нашиот ангел Тоше Проески.
Настанот беше организиран и поддржан од Општината Кратово, а средствата од продажбата на книгите ќе бидат донирани во тамошниот Дневен Центар за лица со посебни потреби. Организаторот на Бигорски, Роберт Вукелиќ, беше нејзин специјален гостин.
Цаци, како што ја знаат сите, вели дека по средбата со родителите на Тоше лани во Крушево, ѝ дошла инспирација да напише своја книга и да им ја посвети ним, затоа што воспитале толку добро дете како што беше тој. Откако добила дозвола, нејзиниот сон станал реалност. Зад книгата, стои издавачката куќа „Дата Песнопој“ од Битола.
Петковска е родена на 03.12.1989 во Кратово, каде пораснала и живее до ден-денес.
Како што вели таа, нејзината љубов кон Тоше е посебна, па затоа решила да ја преточи во пишан збор, а сите свои песни да ги спои на едно место. Го следела од својата деветгодишна возраст, па буквално пораснала со неговата музика. Денес, испирација наоѓа од неговите слики и песни кои ги слуша секојдневно. Минатата година таа учевствуваше со три песни во збирката од повеќе автори, „1200 молитви“, која исто така беше посветена на животот и делото на Тоше. Организаторот на зборката, Маријана Митревска, ѝ беше рецезент за книгата „Бесконечна љубов“.
За себе вели дека е дружељубива и сака да комуницира со позитивни луѓе. Постојано е во Дневниот Центар, каде ужива да изработува разни рачни изработки.
Доколку некој сака да купи од нејзината книга, може да ја контактира лично на Фејсбук, каде е потпишана како: Славица Цаци.
Фото: Приватна архива на Славица Петковска