Смртта на Тоше кај нас Македонците е некаков еквивалент на смртта на Џон Кенеди кај Американците. Сите оние што живееле во времето на тој можеби најпознат атентат во историјата, точно знаат каде биле во тој момент, со кого биле, што правеле, што зборувале и како реагирале на објавувањето на трагедијата. Сите ние вечно ќе го паметиме тој момент. И тешко дека ќе го заборавиме.