На 11 март 2016 години, во вечноста замина еден од најдобрите југословенски и српски актери, легендарниот Драган Николиќ. На денот на неговото заминување, Игор Џамбазов емотивно се прости од својот идол. Па во своето скромно обраќање, тој напиша на Фејсбук:

„Кога бев малечок, го мразев затоа што ја ожени тетка Милена во која јас бев неутешно вљубен. Кога станав студент, го обожував начинот на кој играше во филмовите, и мечтаев да станам како него. Кога конечно го запознав, имав трема како на премиера… му свирев на гитара цела ноќ, а тој пет пати ми ја побара “Бездан“ од Балашевиќ.

„Мали, дај ону моју још једном…“

Живот…“

насловна фото: blic.rs