И да, жена е. Само колку ја сфаќате нејзината значајност. Фатила анксиозност, ја мачи депресија. Жена е, од бес ѝ е, ќе помине. И каде е грешката?

Те пере, ти готви, чисти, мие, ама само нека трпи, оти е жена. Оди на работа, а откако ќе се врати има уште една смена за сите останати горенаведени обврски. Ќе работи до доцните часови, а потоа ќе ја стави главата на перница и ќе пролее солза, за сето она непризнание, за сета тежина, за кнедлата во грлото и ќе заспие. Се буди и повторнo истото. Ја фаќа анксиозност, поради истата животна монотонија, ама жена е, од бес е, мора да трпи, пустата.

Депресија, па како тоа е нова модерна болест, ја фатил бесот. Ете од овие стереотипи пропаѓаме, тонеме, за жал, неприфатени од народот, етикетирани од многумина.

Жената не смее да доживее никаков напад, а секојдневно е напаѓана. Жената не смее да се пожали,а постојано ѝ се жалаат. Жената не смее да префрли, а постојано ѝ префрлаат. Оти? Оти е жена.

фото: averie woodard/unsplash.com

Автор на текстот: Марија Шекеровска