Тој пари нема, не му требаат.
Најбогат е, бидејќи разумноста од благодатоста на душата
е вдахновена во секој порив на вечното владеење на Љубовта.
Сакаат да ја уништат со пари и блуд,
со завист и лицемерие,
но таа тивко се смее и го возљубува Бога.

Ние малечките се’ уште не дораснати на димензијата на духовноста,
го трошиме животот во себеиздигнување.
Скапоцености ни виреат од крајчињата на погледот,
додека душата ни се празни.

Чекориме кон олтарот, немајќи време за Него,
но Тој има време за сите нас,
никаде не брза
и секогаш е на време тука да не сослуша .

Зошто толку брзаме и трошиме во недоличноста на однесувањето?
Тој со пет леба нахрани пет илјади луѓе,
водата стана вино за еретиците кои не веруваа во него.

Та нели сме луѓе…
Тогаш каде ни е достојноста, почитта и Љубовта ?
За каде се трошиме толку тргнати по материјалните богатства ?

Малку треба,
сосема малку е доволно за да си ја нахраниме душата со храна,
таа се храни најмногу со Божествена љубов, прегратки и топли зборови.
Во секој од нив е вдахновена Божествена убавина и Љубов бескрајна,
која токму и ни треба.
Ништо повеќе…

Автор: Оливера Ширговска, 2024

насловна фотографија: Nick Fewings/jannerboy62