Корени 31 година стари
го крепат стеблото.
А на стеблото,
сал една фиданка.

Подарок,
од Бога дар,
на Сретение Господово никна првпат.

И тогаш светот запре
и постоеше само тој миг.

Миг на невина и чиста,
безусловна љубов,
просветлено и радосно чувство
во кое сфаќаш дека Божјата сеприсутност е насекаде.

Уште е кревка и мазна,
таа фиданка,
млада, но жилава,
4 години присутна на Земјата.

Заедно,
и со стеблото
и со коренот,
им пркосат
на силните ветришта
и на бурите
и на киселиот дождец.

Заедно се радуваат на утринските капки роса
и на зраците од сонцето.
Заедно растат.
Заедно убавеат.

Корените аманет,
стеблото потпора,
фиданката радост на душата.

Долг е патот дур се извишат до небото,
дур се разеленат,
дур процветаат.

Долг, ама убав.
И неповторлив.

И љубовта ќе биде секогаш тука да им дава сила за процвет.

Автор: Софија Петковска

насловна фото: unsplash.com