Боли навредата, боли клеветата.
Боли грдоста, болат проклетствата.
Болат гадотиите, болат збровите.
Болат и усните од кои се искажани.
Ајде навреди ме, ајде олесни се.
Ајде искажи ми триста збора.
Ајде охрабри се и удирај ме.
Ајде умирај ме.
Ќе издржам дур ќе плукам крв околу мене.
Ќе издржам додека со мелем си ги мачкам раните.
Ќе издржам додека ќе ги сопирам солзите.
Ќе издржат додека ме стегаат градите.
Сѐ ќе ти простам.
И пред Прочка и зад Прочка.
Сѐ ќе ти простам.
И за минатото и за иднината.
Сѐ ќе ти заборавам.
И никогаш нема да ти возраќам.
Сѐ ќе ти заборавам.
И никогаш нема да те навредам.
А знаеш ли зошто?
Едноставно е, просто.
Ќе ме болат мене усните валкани,
ќе ги перам ама нема да се доперат.
Ќе си ги извалкам рацете,
ќе ги тријам со денови.
Ќе ме боли глупавоста.
Ќе ме боли зависта.
Ќе ме боли љубомората.
Ќе ме боли ниската самодоверба.
Ќе заминеш, ќе те снема.
Ќе исчеснеш заедно со својата сенка.
Ќе ти го заборавам името, лицето.
Ќе те избришам од меморијата целосно.
Ама ти ќе продолжиш да сееш злоба.
Ама ти ќе продолжиш да се надмуруваш себеси.
Ама ти ќе продолжиш да делиш навреди.
Ама ти ќе продолжиш да зборуваш невистини.
Ако, зборувај.
Те поддржувам целосно.
Ти во срцето крвариш повеќе и од мене.
Ти во мислите се распаѓап повеќе и од мене.
Ти немаш проблем со мене, ами со себе.
Ти ќе мечуваш и самата ќе се пресекуваш.
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.