По демантот на Игор, имам само да изразам поддршка за него. Тој ми е повеќе од роднина, тој ми е другар во секоја смисла на зборот.

Игор Џамбазов за работата која што ја имам ми е вујко владика.

И не се срамам за тоа што се вработив преку врски, гордо да се фалам со тоа. На сите им викам: знаеш ли кој ме вработи у најдобрата фирма у Македонија и пошироко. Па Игор бе, другари.

Игор е најголемото срце што можете да го сретнете на планетава. И да, легендарен е.

Еве за првпат и јавно ќе кажам како се запознавме: На фејсбук. Фино лепо му објаснив која сум и што сум, како сме во сродство итн. И Игор не би бил Игор, ако не ми пиша: Знаеш дека ќе ми пишеш, само чекав кога. Кога му кажав дека пишувам, рече дека конекцијата е потврдена, апсолутно сум нивно дете.

И бидна нашето допишување. Се допишувавме насабајле, навечер… среде ноќ. После свирка кога ќе се вратеше уморен, после претстава капнат.

Се запознавме првпат лично на промоцијата на „Умрен човек“. Сосе Емил топтан го изненадивме. Се шокираше, после тоа сите заедно отидовме во кафана и пред сите рече: Дечки ова е мојата внучка од Прличкови.

Се редеа спомени, кај и да се појавам, на новите луѓе им вели: ова е мојата внучка.

Плакетата за „доживотна награда за најдобар чичко на светот“ со причина беше доделена:

За него се појавив како специјално изненадување во емисијата „Македонски приказни“ каде споделивме неколку заеднички анегдоти, како онаа со папучите за роденден.

Со Игор имаме посебна космичка енергија. Тој ми стана повеќе од чичко, ми стана и пријател, ми стана ментор. Игор има посебно место во моето срце, затоа што направи многу повеќе од некои кои ги знам цел живот и ќе прави, знам.

Никогаш за ништо не ме осудува. За секој проблем, Игор е известен. За секој успех, за секој „грев“.

Зборуваме, тагуваме, се радуваме. Игор ја најде љубовта на својот живот, својата Илина, а од мене не постои посреќен човек поради таа причина.

Сите што лошо зборувате за него, препочитам да си ги лупнете муцките и да се запрашате: Вреди ли да се каже погрден збор за еден ваков голем човек? Вреди ли? Јас мислам не.

#ИЈасСумИгорЏамбазов

Photos: Pixaby

 © Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.