Ќе наидеш на луѓе кои едвај ќе чекаат да згрешиш, за да те засрамат пред сиот свет.
Но, ќе наидеш и на такви што ќе те натераат од таа грешка да ја извлечеш најголемата поука, ќе ти подадат рака и ќе ти помогнат да станеш.

Ќе наидеш на луѓе кои ќе те гледаат на потсмев и едвај ќе чекаат прилика за да те исмеат пред сите.
Но, ќе наидеш и на такви кои ќе им ги затворат устите на оние првите.

Ќе идеш на луѓе кои нема никогаш да го ценат доволно или целосно твојот труд.
Но, ќе наидеш и на такви кои ќе веруваат во тебе и тогаш кога имаш само површни идеи.

Ќе наидеш на луѓе кои нема да ти веруваат и нема да се трудат да ти поверуваат.
Но, ќе наидеш и на такви кои се’ ќе сторат за да ја добијат твојата доверба.

Ќе наидеш на луѓе кои никогаш нема можеби да ти доделат признание.
Но, ќе наидеш и на такви кои едвај ќе чекаат прилика да ти се заблагодарат или да те пофалат.

Ќе наидеш на луѓе кои молкум ќе се радуваат на твоите неуеспеси.
Но, ќе наидеш и на такви кои ќе ти станат буквално рамо за плачење и центар за социјална и психолошка поддршка.

Ќе наидеш на луѓе кои ќе ја гледаат само твојата лоша страна.
Но, ќе наидеш и на такви кои и во твојата најлоша страна ќе ги наоѓаат позитивните работи.

Ќе наидеш, ќе наидеш затоа што е неизбежно. И ќе ги среќаваш секаде. Дел од нив ќе ти станат фамилија или веќе се дел од неа, дел од нив ќе ги сретнеш во некоја образовна институција, во некоја работна организација. И ќе бидеш повторно среќен, затоа што каде се првите, таму се и оние вторите. Не заборавај…

фото: unsplash.com

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.