Би ја обоила анксиозноста,
би ѝ додала грам шарм.

Би ја обоила во црвено,
поцрвена и од мојот кармин.

Би ја обила во жолто,
пожолто и утринското сонце.

Би ја обоила во розово,
порозово и од моето бебешко перниче.

Би ја обоила во сино,
посино и од небото и морето заедно.

Би ја обила шарено,
пошарено од виножитото.

Би ја обоила во сите бои.
Би ја формирала во сите облици и форми.

Би ја претставила на светот,
би ја прикажала во најдоброто светло.

Би…

Но не можам.

Не денес,
можеби ни утре.

Можеби бидејќи веќе ја обоив,
веќе ја сокрив.

Ја маскирав,
ја прикрив.

Како камелеон ја камуфлирав,
зад насмевката, зад прегратката.

А сепак, недоволно е.

Ох ти подла змијо, оди си.
Ме кочиш и не ми даваш мира.

Ох ти кукавице,
што се плашиш од мојата среќа.

Ох ти подмолнице,
што ми ја цицаш енергијата.

Ох ти алчнице,
ти ужаснице ненаситна.

Ќе те обојам еден ден.

Знам, верувам.

Можеби нема да е ни задутре,
ама ќе дојде тој ден.

Ќе се покаеш…

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.