Да се бориш еднаш со канцер е страшно.
Да се бориш втор пат со канцер и тоа во две години, е малку пострашно.

Еднаш треба храброст и многу сила да се издржи, а втор пат како е – сега ќе видам.

Дали губењето коса е најтешкото нешто?
Дали губењето на два органа (две гради) е тешко?
Дали хемотерапиите се тешки?

Да знаеш дека носиш канцер во себе, самата помисла е страшна.
А како ќе прифатиш е многу битно.

Храброст треба многу.
Сила треба многу.

Деновите минуваат тешко…
Болка струи по телото, но движи се, си велам, ова не е ништо за тебе, жено.

И ова што многу жени ги плаши: „Како без коса?“

Па така…

Прво ја кратам косата, зашто боли секоја пора на главата, како да сака самата да излезе од корен.
Еднаш падна, па порасна.
Па коса е, ништо страшно.

Сега по втор пат, иста патека одам…

Како изгледам?
Ма прекрасно…

Хемотерапиите…
Тешки се…
Многу…

Воздухот што го дишам, не ми е ист…
Водата што ја пијам, не е иста…
Храната, ја нема убавината што ја сака душата…

Како се гледаме после операцијата?

Најнормално…
Природно…
Женствено…
Срцето е тоа…
Душата е таа…
Јас сум таа…

Се прифатив веднаш таква…
Своја…
Единствена…
Силна…
Храбра…

Јас изгледам прекрасно во моите очи.
Јас сум мајката на моите деца и сум овде до нив…
Јас сум нивните крилја..
Јас сум жената за мојот сопруг…

Онаа истата…
Старата јас…
Малку различна…
Малку кревка
Малку повеќе силна…

Онаа со длабоките и груби лузни кои не бледеат…
Онаа што е исцртана од линијата на животот…

До вечноста…

Се гледам и велам:

„Па, ти уште можеш да издржиш…
Боже фала ти и слава ти за Сė што ми даде🙏.
Не посакам ништо повеќе од тоа што можам да издржам и да земам од животот…
Се што даваш прифаќам…
Само смилувај се над мене грешната,подари ми здравје🙏.“

Животот е преубав…
Само кога би знаеле колку малку треба за СРЕЌА…

Фејсбук статусот е на Вања Андонова, преземен со нејзина дозвола, а фотографиите се од нејзината приватна архива.