Земи ја бе брат,
онака тивко, нежно, посакувано…
Земи ја со поглед,
во кој ќе кажеш колку ја посакуваш.

Земи ја, тогаш кога не е подготвена,
онака со разбушавена коса,
без грам шминка која ве дели.

Земи ја брат, онака исконски,
невино, чедно, восхитувачки…

Земи ја бидејќи е жена,
бидејќи е нежна, како сатенска свила.

Земи ја, не оставај да овене,
чекајќи во аголот на собата
преполна со спомени бледи.

Не биди спомен брат,
биди вечност која шара со поглед
на нејзината површина.

Земи ја бе брат.
Не дозволувај друг
да пишува во утрата.

Земи ја брат,
сепак е жена…

Земи ја,
таа тебе ти припаѓа.

фото: Unsplash/@sashafreemind

Автор: Оливера Ширговска