Најлесно е да осудиш некого без да ја знаеш неговата приказна.

Најлесно е да се налутиш некому без да ја знаеш неговата вистина.

Најлесно е да рушиш пред себе, без да размислиш на оној кој го створил тоа пред тебе.

Најлесно е да свртиш грб на оние кои ти помогнале, мислејќи дека без нив ќе можеш уште подобро.

Најлесно е да заминеш, без да побараш одговор.

Најлесно да кршиш, без да се обидеш ни парче да залепиш.

Најлесно е да забиеш нож во грб, наместо да излечиш туѓи рани од ист таков нож.

Најлесно е да си ладен, наместо да подариш топлина.

Најлесно е да избегаш, наместо да се соочиш со реалноста.

Најлесно е да се скриеш, отколку широкоградо да се прошеташ пред вистината.

Најлесно е да се биде ко тебе.

И не…

И ти не си ни херој/ка ни фраер/ка на векот.

Ти си само една обична кукавица.

Ако веќе сакаш да си, тогаш пробај да бидеш се’ обратно, можеби ќе успееш. Само пред тоа сети се… токму тоа е најтешко.

photo: Unsplash/Tegan Mierle

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.