Уметноста е една од најубавите дарови што универзумот ни ги подарил. Па има ли нешто поубаво од тоа да твориш и да гледаш нечии творби? Да создаваш и некој да ужива во создаденото? Да раѓаш одново и одново уметнички дела во најразлични форми и секој да има прилика да развие во нив еден цел спектар на емоции. Токму затоа треба да ги цениме уметниците и нивните дела. Бидејќи ни дозволуваат барем накратко да зачекориме во нивниот таиствен и апстрактен и несфатлив свет, откривајќи ни по некоја тајна за себе. Тие се храбри и бунтовни, а сепак толку свои и посебни.

Македонија може да се пофали дека изобилува со млади и надежни уметници, а една од нив е и 27-годишната Стефани Стојаноска Наумческа од Гостивар, која за себе вели дека е човек кој ја обожува уметноста и уште од најрана возраст, од околу 6 години, се дружи со моливите и боичките. Во нејзините тетратки можеле да се најдат наразлични цртежи, бидејќи, создавајќи од ништо нешто. Се занимавала со графика и често имала навика да црта и по неколку часа на ден, понекогаш создавајќи уметност и над 10 листа во а4 формат на ден.

„За време на короната, интензивно започнав да творам со разни техники и секогаш сакам да испорбам нешто ново. Цртам портрети, графика, апстракција и мртва природа. Таа црта на камен и дрво, мандали, 3Д цртежи. Користам туш-техника, кафе, а сега од скоро бојам и со вино. Омилена техника ми е со кафето, иако секоја техника е прекрасна и убава на свој начин“, вели Стефи.

И кога некој млад уметник ќе набори толку многу техники, неминовно е прашањето од каде е сиот овој талент, дали се занимава уште некој со сликање во семејството.

„Има многу талентирани луѓе во мојата фамилија, па оттаму, сметам дека гените си го направиле своето“, вели таа додевајќи дека најбитна ѝ е поддршката од најблиските.

Инспирација наоѓа во сето она што ја опкружува, таа секојдневно успева да најде нешто интересно кое подоцна ќе го наслика.

 

„Во блиска иднина да планирам да имам самостојна изложба“. Јас сум човек кој што е трудољубив и не се откажува од своите цели. За мене цртањето е љубов од детството“, искрена е Стефи.

Што се однесува за тоа колку во Македонија се цени уметноста, таа вели дека е многу битно некој да го препознае талентот кај некого. Вели дека има многу луѓе шти ги ценат нејзините дела не само во овде туку и вон земјава.

„Патот до успехот не е лесен и бара макотрпна работа“, заклучува Стефи.

Нејзината порака до читателите на zenanazena.com е дека никогаш не треба да се откажат од своите соништа, бидејќи секогаш ќе се најде некој кој ќе го препознае нивниот талент како што некој го препознал нејзиниот.

Уживајте во остатокот од нејзините дела:

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.