Остави ми ја душата ноќва да тагува

Остави ја, велам.
Нека плаче, нека созрее.

Замолчи ги сите околу мене,
нека занемат, нека се сневидат.

Земи ми ја тагата,
што ми го обвиткува телото и зацрнува.

Ќе ја земеш, но грутката останува.
А душата тагува.

Тогаш зошто не ме оставаш,
не ми дозволиш да се соземам.

Зошто морам секој пат
да цртам насмевка на уморното лице?

Не сфаќаш ли,
се уморив веќе.

Се грчам од тага,
и целово патешествие личи на сага.

Се гушкам во солзи,
тивки непоканети.

Душата ме боли,
а не и дозволувам ни самата јас да се излечи.

Како бумеранг ме маваат сите лоши зборови,
ох уште ли се маткаме по туѓите дворови?

Излечив толку многу болки,
заборавив толку многу зборови, сопки.

Но не успеавам да ја победам најголемата,
најтешката, најгневната.

Чекорам и посакувам да ме нема,
да сум дух кој гази по земјата.

Конечно да можам да шетам
без да се плашам дека солзите ќе ги види некој.

Се уморив да тагувам во себе,
и ми доаѓа да изрикам на сиот глас.

„Оди си таго, црна чумо,
оди си и не се враќај веќе!“

Болиш како првиот удар кој ми го зададе,
и правиш се да изгледа небитно околу мене.

Тагувам по умрените,
уште повеќе за живите.

Тагувам по починатите,
ги мислам живите.

Секој ден, секој час.

И од солзите одново и одново се гасам,
мозокот е на стенд-бај.

Ох таго, судбино…
кажи ми, се измори ли и ти конечно?

photos: unsplash

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.