сето она што другите жени ти го преќутеа

You are reading

Ова не е Нотр Дам. Ова не е Турција, Австралија, Русија… Ова е Македонија!

Колумни

Ова не е Нотр Дам. Ова не е Турција, Австралија, Русија… Ова е Македонија!

Се молевме за сите, а најмалку за нашето. За некои вчеравечер немаше сон, за некои од вчера нема мир. За многумина започна агонија, а уште пострашна е кога немаш на кого да се потпреш, од кого што да очекуваш.

Од вчеравечер сме поделени, а сепак сплотени. Повеќето сме лути, додека останатите се очајни. А сите заедно немоќни.

Боли секоја непогода, ама уште повеќе кога гледаш дека се шири, а екипите не се доволни. Вчера немав ни зборови со кои можев да искажам колку сум лута и разочарана. Ја пцуев Евовизијата и парите потрошени на неа, ги пцуев нередовно сервисираните хеликоптери употребувани за глупи цели.

Се сетив кога бевме на Крф пред две години каде се деси мал пожар. Јас поголем страв и избезубеност не сум видела во нечии очи. Тоа беа лелеци и врисоци. А не беа ни куќите зафатени. Овде за жал има веќе прилично голема материјална штета. Запалени возила, изгорени куќи, уништени фасади… Но и угинати животни, како и девет лица кои побарале лекарска помош и се пуштени на домашно лекување.

Сè уште сум многу лута, разочарана и очајна. Секој град може да биде Кочани, како што Кочани стана Турција. Не е битно каде живееме, за неволја малку недостига.

#PrayForKochani

За среќа, пожарот од сабајлево е успешно локализиран. Фотографии од епилогот од синоќешниот пожар, како и повеќе детали околку него, прочитајте ОВДЕ.

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Добиј го бесплатниот newsletter на Жена на Жена
Биди секогаш во тек со најновите статии
Ја почитуваме твојата приватност.