Минатиот месец, на 29. септември со почеток од 19.00 часот, во Домот на културата Асном во Гостивар, се одржа првата самостојна изложба на уметницата Стефани Стојаноска Наумческа (29). Беа изложени 37 дела, од кои дел се апстракти, дек портрети на девојки, како и дела со нејзината позната и уникатна техника – боење со кафе.

„Секој талент со труд и вложување на самиот себе дава резултат. Најбитно е со љубов да се работи“, вели Стефи, по изложбата во родниот град.

Таа додава дека е и повеќе од задоволна од посетеноста, бидејќи присуствувале нејзините најблиски роднини и пријатели, но и колеги уметници и професори, како и општи вљубеници во уметноста.

„Кога ќе видиш дека некој ужива во твоите дела и ги гледа со восхит тоа е прекрасно чувство“, вели таа.

Исто така, им се заблагодарува на најблиските за нивната поддршка од самиот почеток, особено на сопругот и нејзините родители, како и до нејзините критичари:

  • Решат Амети, професор по сликарство
  • Хајруш Фазлиу, професор по сликарство
  • И мојата маленскост, Марија Прличкова-Нешовска, писателка и блогерка

Во продолжение, и нашите резенции:

И во иднина Стефи планира да продолжи со творење и да се претстави со нова самостојна изложба вон родниот Гостивар, а можеби ќе внесе и некоја нова техника во сликањето. Во тек е подготовката на нејзиното ателје каде што ќе ги слика своите дела.

Изложбата на Стефи беше поддржана од Министерството за култура.

 © Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.