На 25.09 (недела) во Кинотека на Македонија со почеток од 12 часот ќе се одржи 8то издание на фестивалот ЕТНОФФ, меѓународен фестивал на етнографскиот филм. Од Непал, преку Таџикистан до Исланд и Португалија, па потоа повторно во Скппје, на ова издание ќе бидат прикажани 14 етнографски филмови. Тој се одржува во рамки на Македонското студентско антрополошко-етнолошко друштво (МСЕД) и Институт за етнологија и антропологија.
Етнографскиот филм е важен документ за општественото секпјдневие, постојано некаде помеѓу документарец и истражување, тие се нашата можност да ѕирнеме во она штп не’ дефинира како човештво. На овој фестивал ќе можат да се видат филмови кои зборуваат за „Хималајското злато“, печурка која вирее и се бере во најддалечените Непалски Хималаи, зошто близнаците се симбол за несреќа во Мадагаскар и која е општествената „казна“ за тоа, приказ на занаетчиството преку рацете и работата на повозразен пар на хрватските острови, но и домашни, локални приказни преточени во визуелен приказ.
Фестивалскиот ден ќе биде поделен на два филмски блока, едниот со почеток во 12ч, а другиот со почеток во 16:30ч. По завршувањето на проекциите со почеток од 20:30ч, фестивалот ќе биде затворен со музичка програма со настап на групата Чалгии Мерак. Влезот на фестивалот е бесплатен.
Целта на овој фестивал е да овозможи простор каде овој тип на филм ќе ѝ се презентира на јавноста, а преку тоа да се осознае и неговата важност, но и да инспирира. Исто така, ваквите фестивали се полезни за да се покаже дека формата и содржината на етнографскиот филм може да биде посебено флуидна и да се презентираат нови пристапи кон етнографското истражување и документирање.
Како и секоја така и оваа, во рамки на фестивалот ќе има и работилница за визуелна антропологија, преку која учесниците имаат можност да научат основи за снимање на етнографски филмови, а воедно да се запознаат и со техниката на монтирање на видео материјалот. Врз основа на одбраната тема се снима филм,па крајниот продукт се прикажува на следната едиција на ЕТНОФФ. Работилницата ќе трае неколку дена по завршувањето на фестивалот. Годинава, како и лани, повторно ќе предаваат Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш.
Низ годините досега имале предавачи од Србија, Бугараја и Словенија, а од лани почнале да ангажираат македонски режисери и продуценти.
Во интервју за „Жена на жена“, еден од организаторите на фестивалот, етнологот и антрополог Кристина Паскоска ни раскажа за неговите почетоци.
„Во улога на организатор се најдов уште во 2015 година откако група студенти решивме да го активираме македонското студенстко етнолошко друштво, па се одлучивме да направиме нешто ново како немало досега кај нас. Така настана ЕТНОФФ, првиот студентски етнографски фестивал. Досега се прикажани над 200 документарни филмови од автори ширум светот. Содржината на филмовите кои се проектирале на нашиот фестивал досега биле со најразлична тематика, опфаќајки културолошки, социолошки, урбани и други сегменти од животот на различни народи од различни земји“, вели Паскоска.
Таа додава дека од оваа година, ЕТНОФФ добива нова назнака, односно се преименува во Меѓународен фестивал на етнографски филм.
Нивниот тим е составен од четворица колеги, па секој од нив има своја улога во организацијата на фестивалот. Кристина е задолжена за ПР, фотографија и промоција на социјалните мрежи, додека професорот Виктор Трајановски е одговорен за административни работи и конкурси. Тој ги изготвува документите и важните работи, потоа Андреј Татарчевски е задолжен за превод на филмовите од англиски на македонски, додека пак, Ангела Здравковска е тазе организатор.
Фестивалот традиционално се одржува во Кинотека на Македонија, бидејќи како што вели Кристина, им се допаѓала тамошната атмосфера, но исто така и да ѝ дадат популаритет бидејќи навистина ѝ е потребен, особено што многу малку луѓе знаат каде таа се наоѓа.
„Кинотеката е една од најстарите институции во Македонија, која има за цел да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Таа започнала со работа во 1976 година“, вели Паскоска.
Првите две години добивале финансиска поддршка од спонзори, додека другите две неколку колеги се откажале и биле само двајца организатори, само таа и Андреј. Од љубов кон фестивалот и имплементација на културата во земјава, од свој џеб инвестирале колку можеле за да го одржат во живот, но успеале да стигнат до осмото издание благодарение на таа самоиницијативна заложба. Последниве години добиваат финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, како и од Министерството за култура и Град Скопје..
Минатата година, за време на пандемијата, во рамки на фестивалот имаа и изложба насловена како „Реинкарнација на етнокореологот Бојан Петковски“, нивен соработник кој дополнително ја збогатил нивната програма.
Дизајнот на нивните плакати секоја година е различен, односно еволуира, како би рекла Кристина.
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.