Смачено ми е да бидам меѓу луѓе каде што мојот глас не допира.

Смачено ми е да бидам меѓу луѓе каде што никој не се труди или се прави дека не ме разбира.

Смачено ми е да бидам слушател додека сум викната на другарско кафе.

Смачено ми е да зборувам во празно, кога никој не го слуша мојот глас.

Смачено ми е да сум мета на озборувања, трачеви, глупи муабети, откако претходно сум седела со истите тие луѓе едно милион пати.

Смачено ми е да служам за експериментално глувче.

Смачено ми е да да служам за споредба.

Смачено ми е да слушам секакви лаги, бесмислици, само за да друг се спаси себеси.

Смачено ми е некој да се дружи со мене само за да му помине време.

Смачено ми е без никој да ме праша: „Еј, како си, ти треба нешто?“

Смачено ми е да бидам меѓу луѓе нелуѓе.

Смачено ми е да бидам меѓу волци во овчешка кожа.

Смачено ми е да бидам меѓу манипулатори, без да знаат дека и самите се веќе изманипулирани.

Смачено ми е да се дружам со некој што мисли дека ќе ме заебе, без да знае дека веќе самиот одамна е заебан.

Смачено ми е да слушам совети кои повеќе личат на солење на памет.

Смачено ми е да слушам за неволјите во кои самите намерно, свесни за последиците западнале.

Смачено ми е од вечните жртви.

Смачено ми е да бидам дух.

Смачено ми е…

И ако некој ме праша дали е подобро да си сам отколку во неквалитетно друштво. Одговорот е едноставен: Осаменоста повеќе боли од самотијата. Да бидеш меѓу луѓе не значи дека си социјално згрижен. Да бидеш меѓу луѓе не значи дека си среќен. Да бидеш меѓу луѓе не значи дека ти е пријатно. Да бидеш меѓу луѓе не значи дека не си анксиозен и немаш панични напади. Да бидеш меѓу луѓе не значи дека си разбран. Да бидеш меѓу луѓе не значи дека си свој.

Да бидеш со еден е доволно за да го имаш целиот свет на дланка. Да имаш само еден човек на кого можеш да се потпреш и кој секогаш те разбира, ти пружа поддршка и не те „дави“ само со неговите проблеми и муабети, тогаш знаеш дека си со вистинската личност која ти е потребна за да закрепнеш, правилно да пресудиш, или едноставно да ја слушне твојата приказна. Не станува  збор тука само за партнер, тоа може да биде и твојата мајка, другарка, другар, пријателка, комшивка, татко, брат, сестра… Само една личност и ти ќе имаш доволно сила да му се спротиставиш на сиот свет. Само една личност може да ги замени сите оние кои те тераат да те осеќаш како дух додека си во нивното друштво.

Само една личност…

фото: unsplash.com

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.