Имам милион различни стравови и сите исчезнуваат во моментот кога е тој до мене.

Тоа е моќта на љубовта. Ти дава сила, крилја да полеташ и да се изгубиш во друга димензија.

Покрај него сум ѕвер, покрај него сум маче. Покрај него сум кршлива вазна, покрај него сум челик. Покрај него сум цвеќе, покрај него сум бодликава жица. Покрај него сум ладно оружје, покрај него сум душа мека.

Таква е љубовта. Буди во тебе нешта кои никогаш дотогаш никој не ги разбдул, нешта за кои не знаеш ни дека постојат.

Со него дознав дека имам анксиозност, со него научив да ја победувам и решавам во три потеза.
Со него научив која сум и што сум. Со него сфатив што сакам и кога.

Поради него научив да сакам. Поради него научив да ценам. Поради него научив да премолчувам кога боли за да не искажам зборови за кои подоцна ќе се каам.

Од него научив дека топлата прегратката е тешка за добивање, наспорти ладните ножа в грб. Од него научив дека довербата се гради цигла по цигла и дека не е толку лесно да ја срушиш.

Тој дојде, а многумина си заминаа. Не беа за мене иако беа присутни во мојот живот со години наназад. Тој дојде, расчисти територија и се смести во престолот на моето срце.

Сега. Засекогаш и во сите наредни животи.

photos: Pixabay

 © Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.