Изгубив многу знаеш.
Ги изгубив слепоочниците барајќи да те да видам таму кај што не можев да те видам.
Таму кај што ноќите го губеа денот.
Таму кај што залезот на Сонцето не беше ниту малку убав.
Каде ги трошев солзите залудно надевајќи се дека некоја од нив од тебе ќе е избришана.
Таму кај што дишењето ми беше уште толку потешко.
Таму кај што изгревот само носеше тага оти новиот ден ќе носи уште поголема болка.
Сѐ изгубив, знаеш.
И она што го имав и она што никогаш го немав.
Страв ми е.
Оти душава толку силно гореше за тебе, а сега пепел остана.
Оти срцево веќе не чука, а некогаш не можев да го стопрам неговото отчукување од љубовта која ја носе за тебе.
Се плашам.
Оти каменов кој седната го фрлам е потопол од мене..
Се плашам.
Оти човек со сништа бев, а сега од нив ништо не остана.
А некогаш солзите претешки ми беа.
Сега лесни за носење ми се.
Оти ти ги предаде рацете твои в други прегратки.
Оти ти избра други усни наместо моиве.
Оти ти љубов не разбираш.
Оти ти ми ја цедеше болкава која сега се излива.
Се плашам, знаеш.
Оти веќе се изгубив.
Дури и оние раце кои секогаш ме топлеа кога ти ќе заминеше од мене.
Се плашам.
Оти и љубовта за тебе ја губам.
Оти мој не си.
И никогаш не беше.
насловна слика: [A]/pinterest.com
Автор: Викторија Стојовска