ПРЕДГОВОР
Визијата на “штрумфастичното ЈАС СУПЕРХЕРОЈСКО ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО” го засноваме на симболична интроспектива на “Азбучното искуство Реника”.

ВОВЕД
Моето име е штрумфастична Реника интринзичен облик на преродбата од екстринзичната Рената. “ЈАС сум суперхероина” во очите на поединците кои се соочуваат со развојни попречености и олицетворение на улогата и работа на сите чинители на општествено- образовната инклузија.

Одржувањето на “Престолот на суперхеројство” е засновано на принципот на дејствување кон градење на “штрумфастичност” исполнета со добротворни дела, мегаломански знаења,великодушни чувства,”штрумфастични” карактеристики и потенцијали манифестирани во облик на градење на општествена добросостојба. За возврат “штрумфастичната” заедница секој “штрумфастичен” поединец го закитува со круната која зрачи долговечна осветленост водејќи го низ хоризонтот на опстојувањето.

Ако пак на патот светлината се затскрие од затемнетите, згуснати облаци кои се судираат меѓусебно, напомош при смирувањето на громогласниот татнеж се придружуваат “г-ѓа Јанг А” како симбол на добрината и “г-ѓа Суперкет Љ” како одраз на издржливоста. А по поројот на бурните капки од натежнатите облаци небото се исполнува со блесокот на виножитото претставено со боите на љубовта, оптимизмот, поддршката, разбирањето, истрајноста, флексибилноста,напредокот.

Автор: Рената Максимова

ПОГЛАВЈЕ Р
Р1 Подавам рака на ранливите кои во течението на речното корито наречено живот се соочиле со регрес во развојниот процес.
Р2 Навивам да ритамот во рингот на различностите ја надмине репресијата и заземе ранг на реализација според реалните потреби обликувајќи ново руво на индивидуалното и општественото опстојување.
Р3 Покажувајќи разбирање развивам резилиентност пред барањата на “издигнатиот рид” и “запуштената рамнина”.
Р4 Растам во радоста на ронливите капки на зората кои се предвесник на револуцијата во инклузијата.
Р5 Го ревидирам речникот на однесувања и раскажувам во редовите од романот наречен инклузија.

ПОГЛАВЈЕ Е
Е1 Доставувам E- mail до еманципацијата за ембаргото на ентузијазмот во енциклопедијата на “етикетираните ежиња”
Е2 Емоционалното ехо го обојувам со елан на емпатија
Е3 Во ентериерот на енигматското его дејствувам врз база на етиката
Е4 Во епруветата за енергично единство ги вклучувам елементите еден за сите, сите за еден

ПОГЛАВЈЕ Н
Н1 Со насмевка од надеж водам натпревар со нуспроизводот на ножното сечило кој создал насип од рана на наведнување, и издавам налог- пренамена на ножното сечило во насока на отстранување на наметката од препреки.
Н2 Ја напуштам нивата на нетрпеливост и облекувам носија накитена со нежност.
Н3 Нуркам во длабочините на немирното море, се борам со невремето а од небото олицетворението на нимфата ми намигнува. Ја здогледува нужната потреба од чекор напред и создава нагорна низа од скалила.
Н4 Во нотесот на наследството сум номинирана за награда со назив “началник во борба на нерамноправноста”.

ПОГЛАВЈЕ И
И1 Врвот од иглата на искривената исплашеност го искористувам како инструмент во инвазискиот изгрев на идеали илустрирани во изложбата на инклузијата.
И2 Инсталирам итност за надминување на интолерантноста кон индивидуалните интересирања.
И3 Иницирам истрага за испитот на интрига,илузија, импровизација, имитација и инфлација на вредности.
И4 Се искачувам во империјата на интелигенција, интуиција, имагинација, истрајност, инклузивна ИДНИНА.

ПОГЛАВЈЕ К
К1 Креирам трпение кон улогите во филмот на “колегијалното кино” кои ја креваат температурата на клокотењето во котелот на кооперативноста.
К2 Заглавената кочница во книгата на каменитите толкувања ја канализирам во правецот на колоритниот компас на едукацијата.
К3 Кревам крик пред круната на дрвото со извитканите гранки од заглавениот клуч во коренот на причините.
К4 Комплексната компилацијата на инклузивната кохезија ја компонирам вклучувајќи ги карактеристиките од сите варијации при вртењето на коцката.

ПОГЛАВЈЕ А
А1 Описменувајќи со алатки од архивата на адаптацијата, аплаузот, афирмацијата ја проширувам адресата на автентичната животна автономија.
А2 Анатомијата на “менталната анорексија” ја лекувам со апокалиптичен поглед за атрофирање на аномалијата.
А3 Преку алармот во атласот на животот апелирам кон “автобуската дестинацијата” која е вовед во надминување на ставовите на “авторите на алекситимијата”.
А4 Алтруистички чекорам кон составување на секој атом на еликсирот на “инклузивната алхемијата”.

ЗАКЛУЧОК – Проширувањето на нашиот ментален склоп и прифаќањето на поинаква ментална мапа од нашата е индивидуален избор, но покажувањето на почит кон туѓото гледиште,можности, потенцијали и овозможувањето на услови да на еден простор опстојуваат различностите е базата за градење на функционална инклузивна кохезија.

Забелешка: мотивот за употреба на терминот штрумфастичност во текстот претставува одраз на пораката содржана во цртаната серија за градење на заедница на соработка, пријателство, споделување кадешто секој поединец е добар за нешто и со тоа допринесува за колективната добросостојба, а за возврат заедницата овозможува достоинствено егзистирање низ реализирање на индивидуалните потреби.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

  • Субјективно искуство од работна практика
  • Колегијална соработка и размена на информации
  • Работилници – заедници на учење
  • Формална и самоедукација за потребите на лицата со атипичен развој

Автор: Рената Максимова

Насловна фото: unsplash.com/sharonmccutcheon
фото во текст: freepik.com