Велат немаш анксиозност,
а не знаат низ колку проголтани кнедли зборувам.
Велат немаш анскиозност,
додека телото грч ми се сторило.
Велат немаш анксиозност,
додека дланките ми се потат.
Велат немаш анксиозност,
додека колената ми се тресат.
Велат не знаеш што е паника,
додека се гушиш и едвај зборуваш.
Велат не знаш што е паника,
додека ги кратиш сите црни мисли
кои ти се вртат низ глава.
Велат не знаеш што е паника,
додека мислиш дека светот ќе ти се сруши.
Велат не знаеш што е страв,
а не знаат колку пати си го прегризал јазикот
за да направиш најосновни ствари.
Велат не знаеш што е страв,
а не знаат колку пати си се повлекол
оти тој бил посилен од тебе.
Велат не знаеш што е страв,
а не знаат колку пати си прифатил неуспех
со насмевка на лицето,
иако проклето многу се плашиш од него.
Многу велат, малку знаат.
Многу зборуваат, малку погодуваат.
Многу озборувааат, малку те разбираат.
Многу одмагаат, малку помагаат.
И затоа главата горе.
Исправена високо.
Без стравови и паники.
Ние сме посилни
од сите оние погоре напишани сезнајковци.
Ние сме гореле, ние сме паѓале.
Ние сме плачеле, ние сме се смееле.
Ние сме и феникс и кокиче.
Ние сме изникнале од пепел,
ние сме пролет.
Ние сме се сопнувале и одново сме станувале.
Ние сме се грчеле и сме оделе по писта.
Ние сме се гушеле и сме ја пееле најубавата песна.
Ние сме биле на врвот, а сме биле и на дното.
Ние сме си херои сами на себе.
photos: Unsplash.com
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.