Кон крајот на минатиот месец гостував во утринската емисија „Добро утро секое утро“ на Алфа Телевизија кај Сузана Турунџиева, каде говорев за анксиозноста и паничните напади.

Покрај тоа, говорев и за мојата книга „Моето име е Марла“ и за самиов портал „Жена на жена“ кој го сметам за свој најголем личен проект.

Ова е мое второ ТВ гостување, претходно гостував во 90 минути на Телма кај Марко и Цеце (можете да го погледнете овде).

Во продолжение уживајте во емисијата, која се надевам дека ќе ви се допадне. За почетоците на мојата анксиозност, односно од А до Ш за неа, можете да прочитате овде.

Навивам за уште повеќе победи и уште помалку падови. Да се радуваме на животот, бидејќи како што велам и во самото интервју: „Најдобриот комплимент за човек кој се соочува со оваа состојба е дека не личи на некој што има анксиозност. Бидејќи тоа значи дека си успеал да ја надминеш до таа мера што таа повеќе не те отсликува. Јас знам дека сум посилна и повеќе од неа“.

Останете ми во добро здравје, се слушаме со моите нови искуства со анксиозноста.

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.