Во твојата прегратка светот исчезнува,
скршенава душа со љубов се исполнува.
Таму каде што болката мирува,
секое парче нова сила стекнува.
Како парчиња стакло расфрлано,
ги собираш деловите мои грижливо.
Мојата тишина зборови не бара,
твојата прегратка сè што срцето го сака.
Во неа се будат изгубените сништа,
во неа душава засекогаш дише.
И кога времето ќе ме направи прашина,
твојата љубов ќе ми остане суштина.
Во твојата прегратка се создавам,
скршена, а пак со тебе се обновувам.
И ако некогаш пак се распаднам,
пак ќе бидам твоја,
твојата прегратка е вечност моја.
Таму каде што душата повторно се раѓа,
во твоите раце сум своја, сум нова.