Баш сум фрик, прво се нервирам, а потоа се смејам зошто за глупости сум се нервирала.
Зависта, љубомората и пакоста, се нешта кои не можеш да ги смениш кај другите.
И токму бидејќи си најдобар, си и најомразен, и токму поради тоа што си издржлив, се обидуваат да те саботираат и да те сооборат целосно. Но, ти… ти мораш да се бориш. Да бидеш упорна и да се стремиш да продолжиш да бидеш најубава, најдобра, да бидеш ти.
Никој на светот не е толку силен, за да те натера толку лесно да се покориш. Никој не е толку свет за да може да диригира со тебе. Никој не е толку паметен за да може да манипулира со тебе. Никој не е толку безгрешен за да може да те осуди. Никој не толку чист за да може тебе да те оцрни.
Злобата, манипулативноста, дволичноста, неправдата… од секогаш постоеле и ќе постојат. Во секој од нас се крие по малку од секое, но ако дозволиме да не’ надвладеат тогаш ние сме ја изгубиле битката, а не оние на кои сме се насрдиле.
Се поседуваат ли целосно оние кои се трудат да не „победат“? Не! Затоа успеале чувствата да им раководат со разумот. И тоа не се искрени чуства и од срце, туку… затоа што се многу подоле од колку што не’ сметаат нас самите… тие луѓе се: без емпатија, без човечност, со ниска самодоверба, со ниска страст за фер натпревар и чиста победа.
Затоа, крени глава високо, и поднамести си ја круната. Затоа што оние што ја затресле, можат само правта од неа да ја соберат и ништо друго.
фото: Jared Subia/Unsplash
© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.