Дојдов, видов, се заљубив.
Дојдов, те погледнав, те освоив.
Дојдов, те прегрнав, те натерав на целиот свет да заборавиш.
Дојдов, те бакнав, те полудив.
Дојдов, те погалив, те маѓепсав.

Дојде, ме виде, се заљуби.
Дојде, ме погледна, ме освои.
Дојде, ме прегрна, ме натера на целиот свет да заборавам.
Дојде, ме бакна, ме полуди.
Дојде, ме погали, ме маѓепса.

Ако ова не е љубов, тогаш што е?

Љубовно ме излечи.
Убаво ме нагости со пеперутки.
Борбено ме освои.
Ореол врз главата ми направи.
Восхит срце ми остави.

Еве ако не е љубов, нека е хемија.

Херојски ме спаси.
Емоции ми разбуди.
Мистично ме освои.
Илузиите ми ги избриша.
Јавето ми го разубави.
Алегоријата ми ја раскости.

И ако не е ни едното, ни другото.

Ако не е ни љубов, ниту хемија, тогаш мора да е судбина.

Судбо моја, ако смеам така да те наречам.
Убавино на две нозе.
Добрино од срце што зрачиш.
Борцу против неправди.
Името мое запиши ми го.
На твоето срце изгравирај ги спомените.
А, јас ќе те љубам и кога ќе ме нема… оддалеку, оддалеку.

© Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.