Чекаш да помине, а како да е залудно.

Се надеваш дека ќе се извлечеш, а песокта те мава уште повеќе. Стравовите, мислите се нижат. И тогаш дивееш.

Не, тоа не е се собрало од сега. Глупости. Тоа тлеело одамна, ама сега конечно те закопа.

Здив немаш и губиш глас. И кога не сакаш да слушаш, си ги парафразираш стравовите и се одзиваш, пронаоѓајќи се во секоја нова реченица.

И се чувствуваш сам. Потполно сам во својот свет. Гласовите во твојата глава вриштат, ти броиш до 10 и назад, но не поминува.

Не… напротив. Станува уште полошо и полошо од претходно.

И сите недокажани зборови, оние од твоите гласови кои бијат како камбани, се впуштаат во твојата утроба.

Три дена болка, три дена гадење, три дена повраќање, три дена одново и одново. Како нож прободен право в гради.

А после три дена солзи и возобновување на сопствената свест. До следната стапица, до следниот непосакуван, а очекуван „грев“.

photo: reddit.com/Carefried

 © Текстот е во целосна сопственост на ZENANAZENA.COM, забрането е било какво копирање или реемитување на текстот без наведување на изворот.